Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите, велат од DS Collective.

“Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V. Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костоваки и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ).

Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш зошто да не излеземе од комфорт зоната, се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц, сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници, вели Стефан Сајковски – DS Collective



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.