Драмски театар вечерва беше претесен за сите пријатели, колеги и обожаватели на „Некст тајм“ на промоцијата на нивниот трет проект со преработка на стари македонски песни.

За „Нешто ќе те питам бабо“, Стефан и Мартин Филиповски, како и целата екипа која работеше на песната и видеоспотот, беа наградени со долг аплауз, а во салата ечеше „Македонија, Македонија“.

Ова не е песна за едни или други, туку за сите нас. Веруваме дека ве направивме горди, порачаа браќата Филиповски.

На промоцијата беа присутни многу јавни личности, меѓу кои и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поглаварот на Бигорскиот манастир Партениј, Стојанче Стоилов, Јохан Тарчуловски, Борис Дамовски, како и поголемиот дел од маедонската естрада како Слаткаристика и Сања Николиќ, Влатко Лозаноски, Магдалена и Лазар Цветкоски, Тони Зен…

Аранжманот за „Нешто ќе те питам бабо“ повторно го работеше музичарот Николче Мицевски, додека на видеоспотот работеа режисерот Огнен Шапковски и директорот на фотографија Кристијан Теодоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.