Лепа Брена, после проблемите со синусите, поради што и е направен скенер на главата, се соочи со нов здравствен проблем.
На фолк ѕвездата, како што дознаваат српските медиуми, и страдала рскавицата во коленото, па неодамна посетила лекар, кој и препишал терапија на која таа редовно оди.
Според зборовите на извор близок до сопственичката на Гранд, таа трпела неподносливи болки, па побарала стручна помош. Веќе извесно време Брена посетува една приватна медицинска установа, каде за нејзината нога се грижи еден од најдобрите експерти во земјата. Цената на терапијата е околу 50 евра, а пејачката не жали пари, само да и биде подобро.
Таа со години наназад има проблем со ногата. Рскавицата на ногата и се истрошила, поради тоа што претерано се занимава со физичка активности. Тоа е и нормално бидејќи тоа е составен дел од нејзината работа, да игра на високи потпетици, што дополнително ги оштетува зглобовите. Пред да се обрати на експерт за помош, таа на болната нога нанесувала желатин, но тоа не и помогнало рскавицата да и се обнови. Болката била се поинтезивна, па морала да тргне на терапија. Баш се исплашила, и да не биде полошо, тргнала на терапии – изјавил извор блзиок до Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.