Фолк ѕвездата Лепа Брена по одморот во Германија доживеала вистински пекол откако при враќањето во родниот Белград и бил украден куферот полн со пари.
Кога пејачката стигнала на белградскиот аеродром сфатила дека останала без куферот во кој се наоѓал хонорарот кој го земала за одржување на настап.
Брена во Германија се сретна со свои пријатели, а попратно и со организаторите на нејзиниот на нејзиниот концерт. На состанокот тие и дале пари за настапот, бидејќи таа секогаш наплаќа однапред. Веднаш направи драма на аеродромот, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот куфер е изгубен и дека ќе ја побараат кога ќе го најдат. Бидејќи во куферот се наоѓале повеќе илјадници евра таа морала да најде врски за да се најде што побрзо. Куферот пристигна утредента во Белград и веднаш истрчала да го земе дома – вели извор за српски „Свет“.
Брена на крајот со насмевка на лицето го напуштила аеродромот што е знак дека парите и биле во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.