Оперскиот пејач Пласидо Доминго (80) негира дека ја злоупотребил својата позиција додека управувал со две американски оперски куќи.
Претходно две истраги открија оти тврдењата дека тој учествувал во „несоодветно однесување“ кон жените се веродостојни.
Доминго, во интервју, не одговори директно на прашањето дали сексуално злоупотребил жена. Но, жртвите го обвинуваат дека нудејќи им улоги, пејачот се обидел да ги присили на сексуален однос.
Никогаш не ветував улога на пејачка, ниту пак, преземав улога од некого. Цел живот го поминав помагајќи им на другите, охрабрувајќи ги и мотивирајќи ги – вели славниот тенор.
Доминго додава дека одговорностите се делат во оперските компании, што значи дека тој никогаш немал овластување да доделува улоги. На прашањето – дали некогаш ги злоупотребил своите овластувања додека управувал со оперските куќи, Доминго отсечно одговора: „Никогаш, никогаш, никогаш!“
Доминго (80) ја напушти управата на Операта на Лос Анџелес во октомври минатата година, а потоа и други американски опери ги откажаа неговите настапи.
Славниот тенор смета оти можноста за враќање на сцената во САД е малку веројатна и дека сфатил оти тој повеќе не е добредојден во Њујоршката метрополитен опера, ни во Операта на Лос Анџелес, за која тој помогна да биде воспоставена.
Многу сум тажен што не можам да пеам во САД. Јас уживав во тоа повеќе од половина век – изјави Доминго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.