Јелена Розга, пејачка во разговор за Глориа зборувала за своите здравствените проблеми и за стресот со кој се сретнува за време на кариерата.

Со денови пред тоа чувствував дека нешто не е во ред, ама мислев дека во прашање е стрес и премор, бидејќи беше јануари, а претходната година беше и тоа како напорна. Тој ден ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето толку силно ми лупаше, што се исплашив дека само ќе се срушам – рекла Розга.

Проблемите со срцето ги открила после еден ненадеен напад, кој се променил.

Најважно е што помалку да се вознемирувам, и тоа не само поради срцето, туку и поради штитната. После таа епизода во јануари 2018 година немав поголеми проблеми. Благодарение на терпаијата и дисциплината физички се чувставувам одлично – рекла Розга.

Таа последните три години е на терапија со бета блокатори поради срцето, а веќе со години има проблем и со штитната ѕлезда, заради која пие хормонска терапија секое утро. Болеста ја открила во 2016 година.

Се будев уморна, постојано чувствував замор и губев на тежина Отидов на лекар и добив дијагноза. Набрзо почнав да пијам лекови. Некогаш е тешко така да живееш, некогаш полесно. Тие проблеми влијаат на расположението, а во комбинација со стресот, се станува потешко – искрена била Розга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.