На 6, 7, 8 мај во МКЦ ќе се одржи деветтото издание на фестивалот на свежа домашна музика – Земјотрес. Според програмата што ја објави организаторот на 6 мај ќе настапат Дина Јашари и Перија, в петок, на 7 мај 3ject и The Local Blue, а в сабота Александар Велики и Кантон6.
Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk
Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.
Ние, децата на Скопје, го паметиме и она што било пред да се родиме. Паметиме како изгледа кога најубавата младина на оваа земја ќе проструи низ коридорите на наше МКЦ. Земјотрес е масивен музички и социјален удар, кој го слави животот со двојно повеќе живи од човечката загуба во 1963. Прослава на живата култура и младешка енергија, која му пркоси на концептот на деструкција. Оваа година ќе пркосиме скромно, но решително. Земјотрес мини. Земјотрес #9“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.