Детскиот хор од Чикаго, каде што Васил партиципирал од 1999-та до 2003-та година го изненади нашиот евровизиски претставник со прекрасно видео пеејќи ја песната „Татковина“, која специјално била аранжирана за него во 2003-тата година, кога Васил бил депортиран од Соединитите Американски Држави заедно со неговото семејство, понизен момент и голема лекција којашто никогаш нема да ја заборави, како што го опишува Васил овој момент од неговиот живот.
Да се биде дел од Детскиот хор од Чикако за мене беше едно од најзначајните животни искуства, каде добив шанса да соработувам, пеам и учам од најдобрите, но и да ги стекнам најзначајните животни вредности, дисциплина, морал, извонредност во перформансите, но и да размислувам за очекувањата, целите и секогаш да настапувам со отворено срце, изјави Васил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.