Давид Михајлов, талентираниот музичар од Велес, деновиве ја промовираше и својата втора песна која е насловена „Моја мала“. Тој и на оваа песна работеше со истиот тим, Темелко Андреев, кој е автор на музиката, текстот и аранжманот, а исто така автор е и на миксот и мастерот. Видео спотот кој е изработен за промоција на песната е дело на Владислав Гавриловски.

Песните на Дејан се на српски јазик, поради како што вели самиот, освојување на што поголем пазар.

Одлучивме да правиме песни на српски јазик бидејќи пазарот е многу поголем и стилот на музика е многу поприфатен… Музиката не познава граници, нации и јазици… Една од причините е тоа што имам примамлива понуда  од Србија за која наскоро ќе дознаете. Третата песна веќе е готова, работиме забрзано и напорно бидејќи веруваме дека само така може работата да вроди плод, а песна на македонски јазик секако е во план, ги открива Давид своите планови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.