Мајката на Дарко Лазиќ, открива дека нејзиниот син после 2,5 месеци конечно се видел со својата ќерка Лорена!Тој направил емотивен разговор со наследничката и тоа преку видео повик.
Според тврдењата на мајката на пејачот, Лорена на Дарко му дала сила да продолжи да се бори, како што побрзо би закрепнал и би дошол дома.
Во вторникот конечно се слушнаа преку видео повик на вибер. Лорена веднаш го праша: Тато, кога ќе дојдеш?Тој и одговори дека ќе се видат штом заврши со работата. За Лорена, Дарко е на пат, бидејќи треба многу да работи. Мојот син е многу возбуден поради разговорот со Лорена, двајцата беа пресреќни – вели Бранка.
Таа додала дека девојчето не знае ништо за тешката несреќа која нејзиниот татко ја имал на 23 октомври.
Не и кажавме дека татко и е во болница. Таа тоа не би го сфатила, а ние не сакаме да ја трауматизираме – вели мајката на Дарко и додала дека Лорена се уште во живо го нема видено татко и после несреќата, но дека се надева дека Ана наскоро ќе ја доведе да се видат со Дарко.
Адвокатото на Ана изјавил дека за средба со татко и, психолог ја подготвува Лорена, но Бранка мисли дека сепак тоа не е вистина, бидејќи Ана ништо не им споменала.
Не верувам дека Лорена иде кај психолог, бидејќи Ана ништо ми нема споменато – рекла Бранка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.