Србија на овогодинешното 64. издание на „Евровизија“, која ќе се одржи на 14 мај во Тел Авив, Израел ќе ја претставува 25-годишната Невена Божовиќ. Таа победи на фестивалот „Беовизија“ со авторската песна „Круна“, за која аранжманот го направи Дарко Димитров.
Победничката песна таа ја посвети на својот сопруг Никола Ивановиќ.
Невена Божовиќ е родена 1994 во Косовска Митровица, а ја претставуваше Србија на Детската Евровизија 2007 година во Ротердам каде го освои третото место.
Во 2013, како член на групата „Моје 3”, се натпреваруваше како претставник на Евровизија 2013 година во Малме.
Србија на годинешнава Евровизија ќе настапи во првата полуфинална вечер со песната чиј работен наслов е „Проуд”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.