Хрватската поп пејачка Данијела Мартиновиќ на 14 февруари ќе одржи концерт во Скопје. Таа денеска допатува во Скопје за да го најави концертот и одговараше на прашања на новинарите.
Родена во семејство на богати локални месари, Данијела почнала да пее од рана младост. Големото прпобивање го направи во деведесеттите кога му се придружи на познатиот состав „Магазин“ и оттогаш стана една од музичките национални икони.
Мартиновиќ кон крајот на деведесеттите ја напушта групата и почнува самостојна кариера, но ја продолжи соработката со Тончи Хуљиќ. „Нека ми не сване“ -песната на Петар Грашо, кој е нејзин партнер веќе дваесет години, во 1998 година ја однесе на Евровизија каде го освои 5 место.
Во 1999 година во Македонија, Данијела беше прогласена за изведувач на годината откако одржа пет едно по друго концерти во Универзална сала.
По многу години, еве повторно доаѓам во Македонија да го најавам мојот потполно нов концерт по триесет години кариера. Едно ново свртување, еден нов звук, кој го нареков една концептна приказна „Неописиво“.
Концертната турнеја под овој наслов почна во Хрватска пред Нова година и претставува нов концепт кој поврзува музика, поезија и размена на енергија. По концертот во Пула, Задар, и Загреб, Данијела со „Неописиво“ доаѓа во Скопје. Зошто „Неописиво“?
Затоа што самиот збор кажува- не може да се опише со зборови. Тоа е доживување кое не е само концертно доживување, туку тоа е едно патување низ кое ја водам публиката со песните од почетокот на својата кариера, аранжирани во еден потполно нов вид. Тоа не е акустична варијанта, веднаш да ви нагласам, тоа е преаранжирано, песните се во румба, самба …стил. Она што всушност е клучно за оваа турнеја е дека низ концертот патувам со публиката преку стихови од моите две книги поезија. Тоа е едно ново доживување еден нов звук на еден сосема поинаков начин. По 4 успешни концерти во Хрватска и во Словенија, Скопје е првиот град во овој дел од регионот каде го претставувам овој проект, а ова што ќе ви го претстават е желба и еден моја нова насока кон која се стремам и каде сега ја насочувам мојата кариера.
Концертот во Скопје ќе се одржи на 14 февруари во Македонскиот народен театар.
Она што ми е драго, и морам да го нагласам, дека прв пат пејам во Македонскиот народен театар и сметам дека тоа е едно посебно здание на уметноста, потполно различен начин на кој публиката ќе го доживее целиот концерт, кој јас сега всушност се обидувам да ви го претставам, но кога ќе дојдете и ќе слушнете секој сам ќе донесе сопствен суд.
Даниела смета дека нема ништо случајно во животот, дека сите нешта се случуваат со причина во животот.
Знаете што, јас сум поборник на дефинитивната премиса во животот дека случајности не постојат. Јас не сум овде случајно, ниту Вие не сте овде случајно, а најмалку случајно е што за настап е избран датумот 14 февруари како датум кој ќе не потсети на вредностите. Јас сум за тоа дека љубовта мора да се живее од момент во момент секоја ден. Ако посто некој гласен потсетник да не потсети дека тоа би можеле малку почесто да го правиме, еве тоа е 14 февруари, универзален и светски ден на љубовта.
На концертот покрај музика, поезија…ќе има и изненадувања.
Апсолутно ќе има многу изненадувања, но ако тие се предвидени за да бидат изненадувања тогаш нема да зборуваме за нив.
Даниела во деведесеттите ја полнеше пет пати Универзална сала, но и овој пат доколку има интересирање најави уште еден настап.
Имаме сеуште можности да има и втор концерт, на што всушност се надеваме со организаторите. Навистина многу пати сум нагласила дека во Скопје се чувствувам како дома и толку долго не сум гостувала, што навистина сум пресреќна дека ќе ви го покажам она за што ви раскажувам и за што живеам. Отворам едно ново поглавје во животот така што сигурна сум дека ќе има уште еден настап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.