По навистина долга пауза, Данијела Мартиновиќ повторно ова лето со концерти во Македонија.
Хрватската пејачка ќе настапи во Античкиот театар во Охрид и во Хераклеа во Битола на 06-ти и 07-ми август.
Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин, информираат организаторите, продукција Авалон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.