Жаре Бербер е повторно актуелен со нова песна и спот. Станува збор за песната „Циганко мала“, чиј автор е Горан Јовановиќ –Топче, а аранжманот е на Боби Василевски, гитаристот од групата „Нон стоп“.
Што се однесува до приказната во спотот, таа опишува сцена од една нивна свирка. Жаре и бендот се наоѓаат во кафеана, каде ги служи и забавува девојката која случајно ќе се најде на вистинското место во моментот кога бендот е предаден на добрата песна, доброто вино и прекрасната атмосфера се’ со цел Жаре да ја заборави љубовта на неговиот живот за која се пее во песната и каде ја троши целата заштеда која се наоѓа во куферот.
Видеото носи и одредена порака. Ова е видео во кое сакаме точно да ја прикажеме единствената поента на животот, дека љубовта е единственото нешто што може да ве помести од колосек и да ве натера инспирирани од неа да се препуштите на кафеанското и боемско уживање. Добра чашка и добра музика, се’ со цел да ја заборавите љубовта на вашиот живот, која може да остави трага на вас. Ваква ситуација во животот, верувам дека секој од нас барем еднаш почувствувал, вели Жаре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.