Оваа сабота, 11 јануари во 13:00 часот Владимир Четкар ќе одржи бесплатен концерт на Охридскиот Плоштад кој ќе се одржи во рамките на програмата ‘Охрид ве очекува’ во организација на Општина Охрид.

Четкар на овој попладневен концерт ќе се претстави со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл во кој ќе настапат некој од најдобрите музичари на македонската сцена односно Ѓоле Максимовски – бас гитара, Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали, Филип Стевановски-тромбон, Виктор Филиповски-тапани, Демир Кантуровски-труба, Игор Величковски- тенор саксофон, Ратко Даутовски – прекусии и Филип Димисковски – клавијатури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.