Пред точно 40 години, на 8 декември 1980 година, заврши животот на Џон Ленон. Во тоа време, поранешниот член на „Битлс“ беше убиен на негови 41 година од Марк Дејвид Чепмен, пред влезот на зградата каде што пејачот живешее со својата партнерка, Јоко Оно.

По смртта на Ленон стана познато дека, Чепмен бил личност со ментални проблеми која на денот на атентатот, добил автограм од Ленон, кој му се потпишал на плоча со неговиот албум „Дабл фантази“.

Со цел да му оддадеме почит на Џон ленон, се потсетуваме на некои од најдобрите песни на Ленон, како самостоен музичар, надвор од легендарниот бенд „Битлс“.

Instant Karma

Обединувајќи го сето она за што се залагаше Ленон, мирот, љубовта, разбирањето, вклученоста, ваква нумера е толку ретка меѓу неговите композиции и текстови што никогаш не сте сигурни дали станува збор за грубо одбивање или повик за вооружување.

#9 Dream

Песна која може да биде хит само ако е направена од Џон Ленон. Женски глас што го шепоти името на Џон не е Јоко, туку љубовницата Меј Панг. Со бесмислен рефрен и необична структура, Ленон наоѓа начин сето тоа да успее.

Woman

Многумина сметаат дека преку оваа песна Ленон ја отсликува својата постојана фасцинираност од Јоко Оно.

Happy Xmas (War is over)

Помеѓу едноставноста на Божиќната песна и целата активистичка позадина што ја имаше Ленон, се појави оваа песна, уште една ретка „птица“ од неговата последна ера.

God

Секој што има потреба од совршен пост-скриптум од ерата на Битлси, нема што да бара понатаму, освен оваа импресивна песна со евангелски допири. Како и во поголемиот дел од неговото патување во „Пластик Оно бенд“ (бендот на Џон и Око), суровоста и додава моќ на песната, потресно осудување на сè што претставуваа 60-тите години. Иако многумина би ги гледале стиховите како уште еден укор кон религијата, вистината е многу посуптилна.

Working Class Hero

Ленон секогаш имаше проблеми со својата слава. Се чувствуваше загушен од очекувањата на неговите фанови и критичкото око на медиумите. За ова едноставно дете од Ливерпул, талентот не беше доволен за да ги постави работите во перспектива. Од тоа скромно момче потекнува оваа песна.

Imagine

Малку може да се додаде за оваа песна којашто претставува химна што ленон ја остави за многу од работите, понекогаш и утопистички, во коишто тој веруваше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.