Поминаа дванаесет години од смртта на Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на 16 октомври 2007 година, а неговиот близок пријател и колега Тони Цетински преку социјалните мрежи се потсети на големата sвезда.

Секоја година, тој ден доаѓа кај нас, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што носи наредниот ден…Секогаш сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Ти беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.