Овогодинешниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата. Учесници се: Благица Павловска, Скопски Боеми , Ирена Спасовска , Ибуш Ибраимовски, Барбара Јаковлеска, Перо Христов, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Суада Каришиќ Шмидт,Благоја Груевски , Петар Нечовски, Јагода Крнетиќ- Јефтиќ, Милован Секулоски, Сани, Кирил Белистојаноски, Мирко Вретоски и секако младиот Стружанец Методија Столески.
Нетрпеливо го очекум „Охрид фест“, 10-ти септември, кога на македонската јавност ќе им ги презентираме најновите 18 песни, зборови и ноти, нанижани од најпознатите автори и препознатливиот звук на охридската песна, звук кој им пркоси на сите нови продукциски технологии. Ова го велам бидејки многу добро знаеме како звучи тамбурата, мандолината, виолината, кларинетот и како треба да звучи збирот на тие звуци. Овогодинешниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата. Најпознатите и најквалитни пеачки грла од Македонија, кои зад себе имаат цело богатство од хитови и обнародени песни, под палката на докажаните автори, аранжери и текстописци, ќе го разлеат староградско-медитеранскиот звук на сцената на Долни Сарај. Како и секоја година, на фестивалот ќе доминираат мандолината, тамбурата, виолината и кларинетот и звукот на старата охридска песна. Кога сето тоа ќе се слушне на преубавата сцена на Долни Сарај, се добива магија, претставена од нашите најпознати- би ги нарекол „гладијатори“, бидејки ова е нивната и нашата борба и ова е нивното и нашето поле на кое се бориме, од кое и за кое живееме. Честа да ги претставам најдобрите е моја, им посакувам голем успех, големо уживање и убаво и искрено дружење на најновиот „Охрид фест 2021“, вели Цане Петров, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест 2021“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.