Десислава Димитрова и Мартин Стојанов денеска ќе ја претстават Бугарија на детската Евровизија, која се одржува во Париз.
Бугарската песна за детската Евровизија е создадена од бугарско-македонски тим, кој се состои од претставникот на Евровизија 2021 на Македонија, Васил Гарванлиев, Давор Јордановски, Весна Малинова и Стан Стефанов, кој е автор на текстот на песната.
Во специјална порака кон бугарската публика за време на претставувањето на заедничката песна Васил Гарванлиев изјави дека проектот е своевиден мост на Балканот.
Многу се радувам дека сум дел од бугарскиот тим за Детската Евровизија 2021 – изјави Гарванлиев и истакна дека верува оти нема граници во музиката и во обидите со љубов и соработка да се надмине омразата.
Гарванлиев порача дека ова е еден мошне добар проект со големо значење.
Ова е прво учество на Бугарија на детската Евровизија, по петгодишната пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.