Еден од моментално најуспешните бразилски поп ѕвезди Габриел Диниз загина во авионска несреќа на 28-годишна возраст.

Неговиот авион полетал од Салвадор, Бразил, во понеделникот, но поради лошото време се урнал во Порто ди Мато.

Во несреќата загинаа пејачот и двата пилоти, пренесува „Гардијан“.

Диниз зад себе има три албуми, но стана национално познат по песната „Џенифер“, која ги освои бразилските топ листи како хит за лето 2019.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.