После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- BRYAN ADAMS!, најавија од Авалон.

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.

Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.