Eден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов, Божо Вреќо- човекот со ангелски глас кој предизвикува бројна публика секаде каде и да настапува на 23 февруари ќе одржи концерт во Скопје.

Организаторите на концертот „Авалон продукција“ на денешната средба со новинарите го најавија како прв проект во 2020 година, доаѓа од балканските простори, а е навистина на светко ниво по сите параметри!

„Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23-ти февруари, во 19:30 часот, рече денеска Ивана Нолчева.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

Во секое возможно и невозможно, никогаш до сега јавно немало изведувач како мене жив и да создава севдах, а при тоа да не мисли прво на тоа што ќе речат соседите. Донесов одлука да бидам дуален, да бидам маж и жена на сцената и надвор од неа, да танцувам, и севдалинката да ја одвојам од статичното пеење и испевање и изведување по кфеани, како што се мислеше досега. Тоа не е точно. Севдалинките се нешто друго тие се мошне духовни и јас решив по триесети нешто години тие авторски севдалинки да ги изведувам на овој начин, рече меѓудругото на денешната средба со новинарите Вреќо.

Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Добрата севдалинка не треба да боли, туку да ве разлее, расклопи во излјада бои и целосно да ве разголи, да ви ја ослободи душата, да ја исплачете целата тага, да излезете од оклопот и да ги раширите крилјата, раскажа Вреќо, кој сподели неколку ситуации од неговите концерти кога луѓето му приоѓале и му се заблагодарувале за енергијата која ги ослободила од се она што ги гушело и ги спречувало да бидат тоа што навистина се.

Вреќо е лирски тенор и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени.

Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Има навистина ангелски глас, а во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.