На „Фесјбук“ страницата на „Макфест“ се објави реакција, во која се вели дека со обработката на „Признавам“ на Маријана и Росана, се направила вулгаризација и уништување на безвременскиот макфестовски хит.
Не e првпат хитови од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на „Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов „Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988 година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е проста вулгаризација и уништување на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорле направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкус, безгранично во уништување на песната, наведено е во реакцијата.
Автор на легендарната „Признавам” е композиторот Тоде Новачевски, а во изјава за „Фокус“, самата Росана вели дека ѝ е чест што навивачите ја препеале оваа песна. Таа додаде дека тие дошле и ја прашале за дозвола и неа и композиторот.
На пречекот на европските шампиони, нивните навивачи и илјадниците присутни на плоштадот Македонија во еден глас ја пееја вистинската химна на Комитите:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.