Фронтменот на популарната ирска рок група „Ју Ту“ и борец за човекови права Боно Вокс денеска го слави својот 60-ти роденден.
Боно е член на групата уште од своите средношколски денови, а својата препознатливост ја искористи за борбата за решавањето на глобалните проблеми, како отпишувањето на долговите на сиромашните земји.
Роден е во Даблин како Пол Дејвид Хјусон на татко католик и мајка протестантка, која починала кога имал 14 години.
Тој се приклучи на групата во 1976 година, кога се јавил на огласот во кој тапанарот Лери Мулен барал други членови.
Го добил прекарот Боно Вокс според блиската продавница за апарати за слушање.
Тој честопати ја користи својата слава за општествен активизам. Тој е главен портпарол на меѓународната група „Помош за Африка“, која се залага за отпис на долговите за најсиромашните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.