Музичарот Ѓорѓе Давид, кого гледачите на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“ секоја недела го следат како член на жирито што ги оценува кандидатите, во разговорот за еден весник го искажа својот став за песната на годинешните претставнички на Србија на Евровизија, групата „Хуракјен“.

Имено, третите девојки го освоија 15-то место годинава во Родердам, а Ѓорѓе истакна дека нема високо мислење за овој некогаш престижен музички натпревар во пеење во Европа, кој во последно време, според него, повеќе наликува на секта и на политичка манифестација.

На забелешката на новинарот дека и овој негов коментар би можел да биде негативно оценет од јавноста, Ѓорѓе остро одговори дека не му е гајле за тоа затоа што има доволно години.

Ме боли к** за негативните коментари, јас сум јавна личност и можам јавно да го искажам своето мислење!, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.