Првото издание на Cotton Blues Festival, со сите запазени мерки и протоколи за релаксирано уживање, ќе се одржи на плато МОБ – Плоштад Мајка Тереза во два дена со различна програма. Отворање на вратите е од 18 часот, почеток на програмата е од 19 часот.

На ова прво издание на CBF ќе може да ги проследите:

3 септември
Innes Sibun & Marcus Malone
Nenad Zlatanović & Gileta Slim

4 септември
Shakedown Tim & Ilias Scotch
Marin Balenovic & Aleksandar Stanulovic – Stanley

Картите може да се купат on-line на следниот линк.

Сите гости мора да се придржуваат до мерките против covid-19:

►Задолжително носење на маска за секој посетител – недозволен влез без маска
►Задолжително одржување на растојание од 2 метри за сите гости и членови на организацијата
►Задолжителна дезинфекција на раце на влез и за времетраење на настанот на гостите како и на членовите на организацијата
►Зголемено времетраење на влезот и излезот на посетителите на настанот
►Задолжително мерење на температура на влезот
►Задолжително регулирање на препорачаното растојание при влез и излез од настанот со поставување на коридорен систем на движење на публиката
►Регистрација на секој посетител при купување на билет ( име и презиме и е mail адреса)
►Продажбата на билети е исклучиво on line



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.