Фестивалот „Егзит“ се приклучува кон крипто-револуцијата и најави дека ќе овозможи продажба на билети преку биткоини, со што станува првиот голем фестивал во светот кој го поддржува познатиот дигитален систем за плаќање, соопштија од фестивалот, кој годинава ќе прослави 20 години од првото издание.
Процесот на плаќање со биткоин е едноставен, велат одговорните. Кога клиентите ќе ги изберат ставките кои што сакаат да ги купат во веб-продавницата, тие ќе ја видат понудената опција „Плати со биткоин“, исто како што постои и опцијата „Плати со картичка“. Потоа, преку нивната апликација за биткоин тие добиваат QR-код за скенирање, а откако ќе се изврши плаќањето и се потврди, клиентот ги добива купените артикли.
„Егзит“ ќе биде првиот голем меѓународен фестивал во 2021 година. Ќе се одржува од 8 до 11 јули на вообичаеното место – тврдината Петроварадин во Нови Сад. На големата прослава на 20-годишнината од фестивалот EXIT ќе учествуваат познати уметници во регионот и светот со потврдени настапи од Дејвид Гета, диџеј Снајк, Тајга, Ерик Прајдс b2b Фор Тет, Асаф Авидан, Артбат, Медуза, Пол Калкбренер, Нина Кравиз , Борис Брејча, Шек Вес, Хот од 82 година, Соломун, Пол ван Дајк, Сабатон, Метрономија, Хани Дижон, Дакс Ј, Кобосил, Денис Султа, Тема, Лајбах и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.