„Оскарите 2022“ се за помалку од една недела, но сè уште се прават аранжмани во последен момент.

Медиумите откриваат дека Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive, во текот на директниот телевизиски пренос на церемонијата на доделување „Оскари“, со можно камео појавување на Вил Смит.

Поп-дивата најверојатно ќе ја изведе нејзината оригинална песна Be Alive од саундтракот на „Крал Ричард“.

Ако дојде до реализација, 40-годишната музичарка би можела да прикаже сателитска презентација од тениските терени во Комптон, Калифорнија, при што ќе се приклучи Вил Смит.

Тимот на поп-дивата комуницира со продуцентите на најголемиот холивудски спектакл за можноста таа да ја отвори наградната церемонија в недела, 27 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.