Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска светот дозна за новото име на земјата што ја претставува. Ова го вели „Би-би-си“ во коментар за синоќешната манифестација што се одржа во Тел Авив, Израел, насловен „Евровизија 2019: Петте научени лекции“.

Согласно договорот постигнат лани со Грција, земјата која што порано беше позната како Поранешна југословенска Република Македонија и беше овозможено да си даде ново име – Македонија, се наведува во текстот.

Британскиот национален сервис го илустрира текстот со фотографија од Тамара и нејзиниот тим посочувајќи дека таа во еден период од гласањето ја предводеше листата на земји со најмногу поени.

Покрај географијата, меѓу петте научени лекции од Евровизија 2019 се наведени и: дека не може да се избегне мешање на политиката иако станува збор за неполитички настан, дека добрата песна секогаш ја победува пренагласената сценографија, дека и големите ѕвезди може да разочараат и дека „големата петорка“ (Германија, Франција, Велика Британија, Шпанија и Италија) и не е така голема.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.