Џеј Рамадановски почина во 56 година од животот, како последица на срцев удар, а неговото тело ќе почива во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Меѓутоа се уште не се знае точниот датум на погребот, бидејќи во тек е обдукција на телото на пејачот, која се прави кога се работи за ненадејна смрт.
Бидејќи фолкерот беше од муслиманска вероисповед по татко, по тие обичаи веројатно ќе биде и погребан. Иако мајка му била од христијанска вероисповед, семејството на Џеј решило да го се испочитува исламот. Тоа подразбира молитва по исламски обичаи, над телото на покојникот која ја води оџа, пред џамија или крај гробното место.
Погребот би требало, доколку сака семејството да го води оџа, кој чита делови од Куранот, а телото поставено во бел чаршав се спушта во земја без сандак, после што се ставаат даски и местото се покрива со земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.