Пејачката Рада Манојловиќ важи за една од најискрените пејачки во соседна Србија, а неодамна во едно интервју таа призна дека користи лекови за смирување.

Беше тоа во 2015 година. Не дојдов до антидепресиви, но мислам дека не им е лесно на оние кои мораат да земаат лекови. Пиев таблети за спиење, користев се и сешто на своја рака бидејќи имав проблеми со сонот – рекла пејачката.

Таа додала и дека многу тешко се одвикнала од нив.

Тешко, многу тешко, толку долго траеше одвикнувањето од зависноста да еднаш реков: Поубаво да се напијам и заспијам. И тоа јас што не пијам алкохол, тогаш почнав и да пијам. Но сфатив дека поубаво е да бидам навлечена на тоа отколку на дрога. Знаев дека тоа создава некој хемиски процес од кој стануваш зависен. И што би си правела јас проблеми без проблеми- заклучила Рада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.