И покрај издавањето на новиот албум и новата турнеја, од поп-групата „АББА“ објавија дека конечно се распуштаат.
Сепак, тоа ќе се случи по виртуелниот настап со свои т.н. „Аба-тари“ и другите планирани настапи.
Тоа е тоа! Ова второ распуштање е различно од она во 1982 година. Тогаш не реков дека „АББА“ никогаш повеќе нема да се повтори. Но, сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крајот! – изјави за „Гардијан“ познатиот член на бендот Бени Андерсон (74).
Сепак, светот има уште што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, „Патување“ (Voyage), ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за турнејата со истото име, закажана за 2022 година.
Песната „Don’t Shut Me Down“ е веќе преслушана над 25 милиони пати на Спотифај, а „I Still Have Faith in You“ – повеќе од 15 милиони пати. Светските хитови, пак, како „Dancing Queen“, „Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветцифрен број на преслушувања на стрим-платформите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.