КСП Подиум-Јадро Кавадарци во соработка со Bed Time Story, ви го прикажува ДЏ Тевидма со шестмина ВЏ.

Настанот ќе се случи на 31 октомври, во 21 ч., и ќе се прикажува во живо на YouTube кналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци.

Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во Берлинското техно. Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини, енергични средни тонови и интензивни мелодии во високите тонови. Визуелајзери на настанот се: Марија Дичова Наумоска, Лина Дамјан, Томи Соколов, Габриела Дамјановска, Ема Велковска и Лорета Стефановска.

Настанот ДЏ х ВЏ е дел од проектот „МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА:НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА“, 2021 година финансиран преку Министерство за култура на РСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.