Бајага и Инструктори летово доаѓаат во Македонија на концерт кој ќе се одржи на 30 јули, на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Античкиот театар во Охрид.
После подолго време Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници, да ни го презентира својот безвременски каталог на раритетно убави песни. Во античкиот театар во Охрид ќе прозвучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi safir“, па се до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Ovaj svet se menja“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.