Најбараното британско денс трио „Дисајплс“ (Disciples), ќе му се придружи на својот пријател и ментор Дејвид Гета во завршната ноќ на овогодишниот Си Денс (Sea Dance) фестивал на една од најубавите плажи на Јадранот! На големото финале на летната сезона во недела, 1-ви септември, популарните хитмејкери од Лондон ги носат песните кои последните неколку години будквално не се симнаа од светските радио станици, а нивниот најголем хит „How Deep Is Your Love” со право се смета за една од песните кои ја одбележаа деценијата која изминува. Песната која иницијално сами ја напишаа и снимија со норвешката пејачка Ина Вролдсен, толку му се допадна на славниот продуцент Калвин Харис, што тој веднаш понуди да ја објават заедно, а спотот во кој се појавува заносниот супермодел Џиџи Хадид денеска брои вртоглави 1.3 милијарди прегледувања на „ЈуТјуб“ покрај две БРИТ номинации и Ем-Ти-Ви награда! Нивниот вонсериски талент прв го препозна легендарниот Пит Тонг за чија издавачка куќа ја објавија клупската плоча „Catwalk“, но набргу потоа и првиот голем радиски хит „They Don’t Know“ која престижното „Би-Би-Си радио 1“ ја пушташе деноноќно. Стреловитиот успех продолжи сѐ до денес, а статусот на ударни ѕвезди го забетонираа со летните хаус химни „On My Mind“ и „Jealousy“! Гластонбери, Лидс, Кримфилдс и ЕГЗИТ, се само некои од најголемите светски фестивали на кои настапуваа, а денеска ја носат и програмата на клубот „Ушуаја“, најмасовниот на Ибица, каде што настапуваат рамо до рамо со имиња како што се токму нивните некогашни ментори и денешни соработници, Калвин Харис и Дејвид Гета, но и уште една ѕвезда на Си Денс – Свен Ват!

Покрај британските ѕвезди во овој бран изведувачи на Си Денс пристигнува и младата германска продуцентка и диџејска ѕвезда Ловра (Lovra), која со својот талент го заслужи вниманието на големите имиња на светската електронска музичка сцена почнувајќи од Дејвид Гета, Арманд ван Хелден, Бејсмент Џекс и Феликс да Хаускет со кои настапуваше ширум светот. На главната бина на фестивалот ќе настапи и еден од најбараните диџеи и продуценти на Балканот, македонскиот гениј Галоски, кој истотака ја ужива поддршката на Дејвид Гета, но и други великани како што се Димитри Вегас и Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Фед Ле Гранд и други. Под другиот алијас „Сенд енд Сенс“ (Sand & Sense) го објави и синглот „Cold Night“ кој излезе од рамките на регионалната популарност и се вброи меѓу најслушаните нумери на славното „Би-Би-Си Радио 1“.

Шестиот Си Денс ќе се одржува од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември на скриениот бисер на Јадранскиот брег, плажата Буљарица во Будва. Настапите досега ги потврдија најуспешниот музички продуцент на 21-иот век и еден од најбараните музички изведувачи на светот Дејвид Гета, таткото на глобалното техно движење и трикратен добитник на наградата за најдобар светски диџеј Свен Ват, еден од најценетите електронски изведувачи Ричи Хотин, водечкиот германски продуцент и диџеј Робин Шулц, француската клупска сензација, дуото Офенбах, и фамозниот германски продуцент Рекондајт, регионалните асови како големиот Дарко Рундек, моќната Сенида и популарните балкански рапери Суреал, Фокс, Кјукус, Хејз и Бекфлеш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.