На 7 март (сабота) од 20 часот во МКЦ ќе се одржи „Овде е Добро“, кој се состои од серија настани, а овој е првиот од низата настани.
Извонредно популарните, сега веќе вистински ѕвезди на регионалната сцена, ‘Artan Lili’ од Белград, Србија ќе бидат специјални гости на овој настан и ќе отсвират целовечерен концерт. Домашните ‘Pluto’s Doubts’, Мухамед Ибраими, ‘MvrSvr’ и ‘Blackstate’ ќе ја увеличаат оваа фестивалска вечер со своите настапи. Ќе се сложите извонредно квалитетен избор на бендови, па Овде дефинитивно ќе е Добро, стои во најавата за настанот организиран од „PMG recordings“, односно од „Сонична младина на Македонија“.
Влез за „Ова е Добро“ е 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.