Од вчера љубителите на музичкото творештво на Ареа имаат можност да ужуваат во уште еден нивни производ. Култниот рок-бенд ја објави новата песна насловена „Јаве или сон“.
Видео записот за песната го режираше, снимаше и монтираше Александар Ристовски. Снимањето на „Јаве или сон“ се одвивало на локацијата старо училиште во село Кучково, Скопско, а во снимањето учествувале и голем број нивни пријатели како статисти.
Оваа песна ќе биде дел од новиот албум на „Ареа“, кој ќе биде промовиран деновиве.
Со новиот албум, бендот сака да одбележи еден убав јубилеј, 30 години битисување на македонската музичка сцена. „Ареа“, една од највпечатливите и најмаркантните групи во земјава, направи вистинска музичка револуција. Оттогаш сведочиме на бројни албуми и уште побројни хитови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.