Анета Џорџ е македонска композиторка, пејачка и пијанистка, која веќе неколку години живее во Париз.
Досега таа има соработувано со музичари како Оскар Салас, Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Мишел Хендрикс, Чарлс Тарнер, Седрик Анрио, Меџик Малик, Џејмс Робинс… Има настапувано во Индија, Јужна Африка, насекаде во Европа со нејзиниот проект „Universal Love“.
Париз/Лондон – Moods and Modes е горд да го најави новото албумско издание на Анета Џорџ и Мартин Милсент Трио наречено „Playground“, кое е достапно на сите музички платформи.
Новиот албум е нејзина соработка со француското џез трио предводено од композиторот и пијанист Мартин Милсент, и е фузија меѓу соулфул џез и нејзинитее македонски драматични мелодии и ритами.
„Кога го слушате срцето, целиот свет станува игралиште“ – тоа е главната порака на новото студиско издание на Анета Џорџ, џез/ворлд пејачка и композиторка, кое го создаде заедно со францускиот пијанист Мартин Милсент. Неговите ритмови и хармонии се совпаѓаат совршено со нејзините мелодии и текстови. Па, се на се, албумот е еден прекрасен мозаик.
Анета е милтиталентирана артистка со бескрајна длабочина на нејзината душа и музичките изведби. Таа е толку сестрана, вешта во изведбите, а во истовреме и сенситивна, Гаро Тавитјан Јуниор, композитор, продуцент и тапанар.
Нејзиното ново видео за првиот сингл од албумот насловен “Give it time” можете да го погледнете во следниов линк:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.