Иако неколку седмици назад беше најавувано дека македонската химна за време на завчерашниот протест во Скопје ќе ја изведе оперскиот певец Игор Дурловски, како изненадување за јавноста покрај него се појави и пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. Тие заедно ја изведоа химната, а Јаневска за „Фокус” вели дека се решила да запее на протестот откако ја контактирале организаторите на истиот.
Беше договорено да отпеам неколку патриотски песни, а за химната не оставија да се договориме со Игор. Пред настапот имавме една проба, се договоривме кој што ќе пее, и тоа беше тоа. Инаку, си носев свој микрофон, носев две маски (кн95 и хируршка) и максимално се придржував до мерките за заштита од вирусот – појаснува Андријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.