Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана.
Во организација на Пасворд Продакшн, на 6-ти јуни 2019-та Андре Риуќе настапи во живо во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година. Тој исорати видео порака до македонската публика.
Во пораката тој меѓудругото вели дека е љубопитен да види како играме валцер, бидејќи за него музиката и валцерот е многу важни.
Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот,“ вели Андре Риу. „Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех, вели Андре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.