Верувале или не, Александар Македонски е вечна инспирација за американскиот диџеј Грендмастер Флеш. Добитникот на Полар наградата за 2019 година и член на Куќата на славните во рокенрол, во вчерашното гостување во „Еден на Еден“ призна дека Александар Македонски секогаш го сметал за свој идол, а еве и зошто:

Грендмастер Флеш го нарекуваат и таткото на хип-хопот, затоа што бил првиот што некогаш ставил прст на плоча и го довел спојот на техника и музика на едно сосема ново ниво.

Овој пионер во музиката соработувал со имиња како Крис Рок, Џеј Зи, Блонди, а во „Еден на Еден“ раскажува за возбудливата њујоршка музичка сцена и патот до врвот. Целата епизода наскоро ќе биде достапна на „Јутјуб“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.