Александар Тодороски е победникот на 36 то издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“. „Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

Не ми се верува. Им благодарам на сите, со огромна почит кон фестивалот. Соништата се остваруваат – рече Тодороски на сцената по врачувањето на првата награда.

Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а третата награда отиде кај младата штипјанка Марија Данева. Фестивалот и годинава се одржа на отворено, поради здравствените протоколи во „АкваБела ресортот“ или за штипјани стариот Градски базен. Водители на фестивалот беа Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ. Макфест 2021 и годинава беше финансиски помогнат од Министерството за култура и Општина Штип, кој е и организатор на фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.