Познатата албанска пеачка Јонида Малиќи, со песната „Врати се во земјата“ќе ја претставува Албанија на „Евровизија 2019“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Тема на песната е емиграцијата. Автор на текстот и музиката е Ериона Рушити.

Триесетишестгодишната Малиќи го освои првото место на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘57“. Редовно победникот на овој фестивал е претставник на земјата на Евросонг.

Сè уште не верувам. Им благодарам на оние кои ја создадоа оваа песна, на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг, изјави по победата Малиќи.

Второто место на фестивалот го освои Лидиа Луфи а трета беше Еранда Либохова.

На официјалната страница на Евровизија стои дека Албанија е првата земја која го пријавила својот претставник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.