Од денеска до 2 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи фестивалот „Аларм фест 2021“, на кој ќе настапат познати македонски музички артисти.

На првиот ден на фестивалот ќе настапат Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК, Ris Flower, The Backdoor band и Cut your nipple.

Додека, на 1 август, публиката ќе може да ужива во музиката на Галоски, Ампов, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Слаткаристика, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu, Пајак, Мечкаров.

На третиот ден на фестивалот ќе настапат ЛЕБ и СОЛ, Hardfaced, Паркети, Lufthansa, Cruel и Basement Cult.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.