Битолскиот продуцент Мими Марковски, ја отпеа и преработи изворната македонска песна „Ајде да си речиме една песна“, во нов модерен аранжман, со скратен наслов „Билбил“. Станува збор за спој на традиционалното македонско и звукот на модерната музика, со цел овие стари македонски вредности, од музичкиот фолклор, да стигнат до младата популација, а со цел да не се заборават творештвата на нашите претци.

Мими Марковски повеќе од 10 години работи во своето студио „Гимел“со различни уметници од сите области на културата во државата, а периодов најави дека ќе следуваат уште вакви преработки на традиционални македонски песни, во модерни аранжмани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.