Мишо Ковач е човекот кој успеа да продаде 20 милиони грамофонски плочи што го направи апсолутен крал на дискографијата во поранешната СФРЈ. Една најслушаните и најромантичните песни во тогашната Југославија испеана од Мишо Ковач , секако е „Остана секогаш иста“ за која стиховите ги напиша Жељко Сабол а музиката е дело на најпознатиот и најпродуктивниот композитор во тоа време, Ѓорѓе Новковиќ.
Неодамна беше откриено дека стиховите од песната што ги напиша Жељко Сабол се посветени на белграѓанката со потекло од Ријека , Агица Гржетиќ. Оваа емотивна „ рапсодија “ настанала по случајната средба на стари пријатели по многу години на островот Крк, каде хероината на песната допатувала со своето дете кај своите родители.Иако таа била повозрасна од него нив ги врзувала заедничката љубов кон островот кога се дружеле по плажите и вечерните часови кога се пеело и другарувало до доцна во ноќта.
Нивната повторна средба се случила во 1975 година , кога одкако се изнаприкажале и потсетиле на некогашните времиња , таа меѓу другото му рекла дека сака да го слуша Мишо Ковач. Тоа Сабол по се изгледа добро го запаметил и откако ги напишал стиховите кои говорат за оваа средба со Агица, тој побарал од Ѓорѓе Новковиќ да ја напише музиката а песната му ја понудил на Мишо Ковач.
Оваа култна музичка нумера е лансирана во вечноста откако победи на „ Хит прадата“ во 1975 година во Белград.Таа година песната била објавена како сингл плоча, а една деценија подоцна на истоимениот албум кој бил продаден во 20 0000 примероци.Оваа песна го прослви Мишо Ковач која, според неговите зборови , е најдобрата, најубавата и негова најомилена песна.
За квалитетот на песната говори и податокот дека кога Мишо Ковач се пријавил со оваа композиција на „ Хит парадата“, групата „ Бијело дугме“ го откажала своето учество, бидејќи откако Горан Бреговиќ ја слушнал песната, рекол: „ Ние нема што да бараме таму“. Победникот го бирале 100 новинари од цела Југославија, а за песната „Остана секогаш иста“ гласале 99 припадници на седмата сила.
извор: Публицитет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.