Една од најголемите музички ѕвезди во регионот Владо Георгиев овој петок, 24 декември, ќе приреди предновогодишна afterwork концертна журка во живо во новоотворениот локал „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.
Забава на каква еднаш се присуствува, а долго се памети и раскажува, концерт на кој во еден глас се пејат најголемите хитови на големиот хитмејкер како: „Анѓеле“, „Једина“, „Збогом љубави“, „Жена без имена“, „Живим да те наѓем“, „Хеј ти“, „Искрено“… Човекот за кого се бара место повеќе, на чија музика се љуби, пее, плаче, пие, радува… Но најмногу и сигурно, одлично се забавува и незаборавно се поминува, порачуваат организторите канејќи Ве на настанот на годината за кој бројот на места е ограничен, зашто истиот ќе биде спроведен според важечките препораки и протоколи за заштита од Ковид 19.
Информации и резервации: 078 296 673 и 075 334 455. Забавата започнува во 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.