Македонските претставници на Јуниор Евросонг завршија на деветтото место. На прво место завршија претаставниците на Ерменија. Децата од „Дајте музика“ имаа одличен настап на Јуниор Евросонг. Публиката ги пречека и ги испрати со силен аплауз.
Македонија доби 12 поени од Албанија, од Азербејџан 10, Франција, Украина, Арменија и Ирска по 5 поени, Србија 3, а Грузија 2. Од соседна Бугарија не добивме поени.
Од онлајн гласањето пак земјава доби 55 поени. Вкупниот број поени кои МАкедонија ги доби 114, беа доволни за 9 место.
Македонското жири гласовите ги додели по следниот редослед : Бугарија(1), Ерменија (2), Азербејџан (3), Малта (4) ПОлска (5), Франција (6), Србија(7), Грузија (8), Албанија (10) и Русија (12).
Победата ја однесе Ерменија, со 224 поени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.