Денес ќе полнеше 40 години – ангелски глас, харизма, насмевка која плени со милост, неодолив шарм, срце полно со хуманост, позитивност, очи сјајни како ѕвезди, емотивност пренесена во песните… тешко може со зборови да се опише големината и убавината на нашиот Тоше Проески.

Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, во Прилеп, но израсна во Крушево – место кое никогаш не го заборава и на чијашто афирмација постојано работи. Во своите 26 години живот, тој успева да допре до срцата на милиони лица, да разубави стотици детски животи, но и да помогне секаде каде што имаше потреба од тоа.

Нашата непреболена музичка ѕвезда зрачеше со хуманост и човечност, но и со скромност, па речиси никогаш не зборуваше јавно за своите добри дела. Тој само ќе речеше: „Блажена е душата што дава“ и даваше без да бара ништо за возврат. Многу од хуманите дела на Тоше се дознаа по неговата смрт во октомври 2007 година, а некои, можеби, никогаш нема да ги дознаеме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.