Околу 30.000 луѓе, од сите генерации, синоќа уживаа во музичкиoт времеплов на Чолиќ, и се вратија назад дури педесетина години, уште од времето на неговите почетоци, пеејќи ги со него песните со кои растеа, се вљубуваа, се радуваа. Во еден глас со него ги пееја „Звао сам је Емили“, „Главо луда“, Пусти пусти моду“ , „Пјевам дању, пјевам ноќу“, „Продужи даље“, „Ти живиш у облацима мала“, „Једна ноќ са Кристином“…Се редеа хитови и ја понесоа публиката на прекрасно музичко патување низ времето.
Слушавме и мелодии од неговиот последен албум „Оно мало среќе“, кои допрва треба да ги освојат срцата на слушателите.
А Чолиќ, расположен и насмеан како и секогаш, со глас што не старее, туку напротив, тој е се подобар и подобар, придружуван од извонредните музичари и танчери, даде се од себе да не ја разочара публиката, која не му се налути ни што цел час доцнеше концертот.
Драгољуб Ѓуришиќ, некогашен член на на групата „Леб и Сол“ како тапанар имаше одличен настап со своите млади ученици за време на паузата, а потоа Чолиќ се врати на сцената со „Окано“ „Јасмина“, „Ти можеш све а једно не“, „Ноќ ми те дугује“ „Красива“, „Што ти дадох“, „Ти си ми у крви“. На крајот се збогуваше со „Тебе чувам за крај“ и „Куќа пуна народа“.
Здравко Чолиќ синоќа уште еднаш потврди дека е најголемата ѕвезда на овие простори. Публиката го сака и му верува. Последен пат пред десттина години го наполни стадионот и овојпат му успеа три и пол часа да ја задржи публика на нозе да пее и да игра на неговите хитови.
Едноставно сите уживаа, а се чини најмногу тој, бидејќи впечатокот беше дека тој може уште едн концерт да издржи, а на публиката веќе и снемуваше сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.